Започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија, соопшти Министерството за одбрана на Републиката.

Денеска, по наредба на шефот на државата, започна проверката на борбената готовност на вооружените сили на Република Белорусија. Настанот е комплексен и овозможува да се утврди способноста на командантите да ги водат воените единици и поединците кога ќе се подигнат на највисок степен на борбена готовност, како и подготвеност на воените единици за извршување на задачите во наведениот рок, се наведува во соопштението.

За време на проверката на готовноста предвидено е движење на воена опрема, можно е привремено ограничување на движењето на цивилни возила по патиштата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.