Португалската престолнина Лисабон е под вода. Канцеларијата на градоначалникот на Лисабон прогласила црвен степен на временско предупредување во градот и ги повикала луѓето да останат дома, пренесува „Reuters“.

Службите за вонредни ситуации пријавиле 275 инциденти во Лисабон од полноќ и соседниот округ Сетубал.

Градските автобуси и трамваи не сообраќаат, метрото не функционира во целост и повеќе железнички станици се непристапни поради поплавите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.