Русија и американската војска одржуваат контакти, но во моментов нема соодветен канал за дијалог меѓу Москва и Вашингтон, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Немаме канал за дијалог. Американската војска одвреме-навреме објавува дека претседателот на Здружениот генералштаб Марк Мајли го поканува началникот на Генералштабот на руските сили Валериј Герасимов. Американскиот министер за одбрана Лојд Остион неколку пати комуницираше со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и тоа е добро и корисно – рече Лавров.
Лавров посочи дека ставот на САД за продолжување на инспекциите како дел од новиот Договор за намалување на стратешкото оружје /СТАРТ/ не е многу фер.
Тој потсети дека во преамбулата на Договорот стои признавањето на нераскинливата врска меѓу стратешкото офанзивно и одбранбеното оружје, а во согласност со текстот на документот, оваа врска е од одлучувачко значење за идните дискусии за намалување на стратешкото оружје.
Шефот на руската дипломатија забележува дека ова не е само вовед во нешто неважно, туку правен факт и Американците ја прекршуваат оваа обврска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.