Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е невозможно да се разговара за контрола на нуклеарното вооружување со САД без да се земе предвид ситуацијата во Украина, обвинувајќи го Вашингтон дека сака да оствари воена превласт.
Лавров на прес-конференција рече дека Вашингтон предложил одвојување на двете прашања и продолжување на разговорите за „стратешка стабилност“ меѓу двете земји кои го поседуваат најголемиот нуклеарен арсенал во светот.
Лавров, сепак, рече дека овој предлог е неприфатлив за Русија поради поддршката на Западот за Украина.
– Не гледаме ни најмал интерес од САД или НАТО за решавање на украинската криза и да се послуша загриженоста на Русија – рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека ја охрабрува Украина да изврши напади со долг дострел длабоко на руската територија, вклучително и напад врз Белгород во кој на крајот на годината загинаа 25 луѓе.
Според Лавров, САД се стремат кон воена надмоќ над Русија.
Тој повтори дека нема основа за преговори за контрола на оружјето се додека Западот води „хибридна војна“ против Русија.
– Не ја отфрламе таа можност во иднина, но пред тоа бараме Западот да ја напушти политиката на поткопување на руските интереси и наместо тоа да почне да ги уважува – рече Лавров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.