Кога нешто е во интерес на САД, тогаш се е дозволено, па дури и да се бомбардира земјата која е оддалечена 10.000 километри од нивниот брег – Југославија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ.

Споредете ја таа ароганција, чувството на сопствената супериорност – тоа е колонијалниот менталитет, кога сè ми е дозволено, а вие треба да го правите тоа што ќе ви кажам. Тоа се манифестира, не само што се однесува до нашите интереси. Кога им треба… Запомнете, во 1999 година, САД одлучија дека Југославија ја загрозува нивната безбедност на 10.000 километри од американскиот брег. Таа беше бомбардирана во миг – изјави Лавров.

Тој потсети дека Кристофер Вокер, кој беше шеф на ОБСЕ, прогласи геноцид на неколку трупови кои беа откриени во селото Рачак. Како што подоцна беше откриено, не станувало збор за тела на цивили, туку за војници, кои биле пресоблекувани во цивилна облека и расфрлани наоколу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.