Вооружените сили на Украина објавија дека „Гугл мапс“ овозможил пристап до руските воени и стратешки објекти.

Претходно овие слики беа заматени, што е случај со сите воени објекти ширум светот прикажани на „Гугл мапс“.

„Гугл мапс“ отвори пристап до руските воени и стратешки објекти. Сега секој може да види разни руски лансери, боеви глави на интерконтинентални балистички ракети, командни пунктови и тајни депоа со муниција во резолуција од околу 0,5 метри по пиксел – се наведува во објавата на украинската армија.

Во соопштението се додава дека достапните слики сега вклучуваат носач на авиони, складиште за нуклеарно оружје во близина на Мурманск, подморница во близина на Камчатка и воена база во Курск, 150 километри од украинската граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.