Кремљ денеска соопшти дека ниту еден руски функционер не размислува за употреба на нуклеарно оружје.
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс оваа недела го предупреди шефот на руската разузнавачка служба ФСБ, Сергеј Наришкин за последиците од употребата на нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Џо Бајден е против употребата на нуклеарно оружје, како и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој зборуваше за тоа во понеделникот за време на состанокот на индонезискиот остров Бали. „Претседателот Бајден и претседателот Си го повторија договорот дека нуклеарната војна никогаш не смее да се води и не може да се победи во неа, и го истакнаа своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина“, објави Белата куќа по состанокот.
Русија досега неколку пати се закануваше дека ќе користи нуклеарно оружје. На почетокот на војната, Путин рече дека ќе ги искористи сите расположливи средства за да го заштити својот народ и дека тоа „не е блеф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.