Русија денеска соопшти дека разгледува какви „понатамошни чекори“ ќе ги преземе во однос на нејзиното тврдење дека Велика Британија е одговорна за нападот на подморскиот гасовод Северен тек.
Руското Министерство за одбрана во саботата наведе дека британски поморски персонал го разнел гасоводот Северен тек во септември, тврдење што официјален Лондон вели дека е лажно и верува дека е дизајнирано да го одвлече вниманието од неуспесите на руската војска во Украина.
Постојат докази дека Британија е вмешана во саботажа… во терористички чин против клучната енергетска инфраструктура, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. – Ваквите акции не можат да се остават настрана. Се разбира, ќе размислуваме за понатамошни чекори. Дефинитивно, тоа не може да остане на ова – рече Песков.
Кремљ не достави никаков доказ што ќе ги поддржи руските тврдења дека Велика Британија стои зад прекинот на гасоводот „Северен тек“.
Поради пукнатините постоеше можност трајно да биде оневозможен гасоводот вреден повеќе милијарди долари. Кремљ, исто така, соопшти дека сè уште не е донесена одлука дали ќе се поправат гасоводите под контрола на Русија.
Песков рече дека руските власти чекаат стручна проценка на штетата и дека сè уште не се донесени никакви одлуки за иднината на Северен тек 1 или Северен тек 2.
Шведска минатата недела нареди да се спроведат дополнителни испитувања за штетите.
Данските и шведските власти заклучија дека истекување на гас било предизвикано од експлозиите, но не кажаа кој би можел да биде одговорен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.