Германскиот синдикат Верди го повика копнениот персонал на „Луфтанза“ на штрајк в среда, со цел да се зголеми поддршката за преговорите за плати со водечкиот авиопревозник на Германија, јави ДПА.

Најавено е штрајкот да почне во 3:45 часот в среда и да трае до шест часот в четврток.

Верди преговара во име на околу 20.000 членови на копнен персонал, вклучувајќи техничари и логистички работници, без чии услуги авионите не можат да полетаат.

Верди ја одби првичната понуда за плата од „Луфтанза“, а се согласи преговорите да продолжат на 3-4 август. Синдикатот бара зголемување од 9,5 отсто на платите.

Според Кристин Беле, која преговара, во поглед на обем на работа, висока инфлација и на жртвување на дел од платите за време на пандемијата, значителни зголемувања на платите се оправдани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.