Откако Вагнер и Кремљ потврдија дека Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа кај Москва, украинскиот Национален центар на отпорот соопшти дека конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и тргнуваат кон Русија.

Извори во Белорусија велат дека некои од Вагнеровите базни кампови веќе се демонитрани за време на ноќта во среда кон четврток и дека припадниците на приватната војна група формирале конвои за напуштање на земјата.

Конвоите веројатно одат кон границата со Русија, соопшти Центарот.

Според извори на Центарот во Белорусија, белоруската влада не одобрила повлекување на групата платеници. Белоруските служби наводно се обидуваат да ги пресретнат конвоите на граница.

На каналите на Телеграм и социјалните мрежи е објавено видео во кое „вагнеровците“ ја најавуваат одмаздата.

Отворено кажуваме дека главните осомичени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте нѐ, ќе организираме втор поход на Москава, објавено е на каналот Зелена зора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.