Комисијата за надворешни работи на турскиот парламент в четврток (16 ноември) ќе расправа за нацрт-законот со кој се одобрува членството на Шведска во НАТО.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган го поднесе предлог-законот до парламентот на ратификација пред три недели, што беше поздравено од НАТО и Стокхолм.
Во јули, Турција ги повлече своите приговори за пристапување на Шведска во Алијансата. Претходно, Анкара се спротивстави на кандидатурата на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.
Јулската одлука за членство на Шведска во НАТО следуваше по силниот притисок на американскиот претседател Џо Бајден врз Ердоган.
Предлог-законот мора да биде одобрен од собраниската комисија за надворешни работи пред да биде изгласан во собранието. Ердоган тогаш треба да го потпише законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.