Украинските лидери мора да најдат начин да му помогнат на полкот што ја брани фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, која е опкружена од руските сили, рече командантот на Азов во емотивното обраќање.
Го повикувам воено-политичкото раководство да преземе решителни чекори за да ја прекине блокадата или да ги евакуира сите оние кои се надеваат и веруваат во својата татковина, рече заменик-командантот Свјатослав Паламар во видеопораката објавена денеска.
Тој додаде дека борците сè повеќе се прашуваат зошто Киев не ги исполнил своите ветувања.
Кој може да одговори на тоа: Зошто сме сами против артилерија, бродови и авиони? – запраша Паламар.
Заедно со многубројните војници, според тврдењата, во бункерите на фабриката има и околу 1.000 цивили.
Рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна блокада на фабриката за челик. Москва го обвинува полкот „Азов“, во кој доминираат националисти, за воени злосторства, но нема конкретни докази за тоа.
Москва тврди дека остатокот од уништениот пристанишен град Мариупол во југоисточна Украина е под руска контрола по неколкунеделни жестоки борби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.