Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски изјави денеска дека на Украина и требаат години да ги отстрани неексплодираните направи по руската инвазија.
Кон Украина беа истрелани голем број гранати и мини, а голем дел од нив не експлодираа, останаа под урнатините и претставуваат реална закана. Ќе бидат потребни години, а не месеци за да се деактивираат, истакна Монастирски.
Освен неексплодираните руски направи, украинската војска поставувала и нагазни мини на мостовите, аеродромите и друга клучна инфраструктура за да ги спречи Русите да ги користат.
Нема да можеме да ги отстраниме тие мини од целата територија, затоа побарав помош од меѓународните партнери и колеги од Европската унија и од САД за да се подготви група експерти кои ќе ги деминираат борбените зони и гранатираните објекти, нагласи украинскиот министер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.