Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва бидејќи тоа би ја спречило Украина да употреби сила во идните територијални спорови, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју објавено во денешното издание на „Економист“.

– Сега Украина е најдобро вооружената земја во Европа со власт која има најмалку стратешко искуство во Европа, истакна Кисинџер.

Американскиот дипломат смета дека на крајот на конфликтот Украина би можела да ги врати сите територии што ги загуби по 24 февруари 2022 година, освен Крим, кој, како што рече Кисинџер, ќе го задржи Русија.

Според него, таквото решение во кое Русија нешто добива, а нешто губи од освоеното, може да биде извор на незадоволство и во Русија и во Украина.

Сегашната задача е да се стави крај на непријателствата, а не да се постави „сцена за следната рунда конфликти“.

– Она што сега го зборуваат Европејците, според мене, е лудо опасно. Тие велат дека не ја сакаме Украина во НАТО, затоа што се премногу ризични, затоа вооружете ги Украинците и дајте им го најнапредното оружје, оцени Кисинџер



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.