Кинеските градови Гуангжу и Чонгкинг денеска најавија олеснување на ограничувањата за коронавирусот, еден ден по судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу.

Локалните власти во Чонгкинг донесоа одлука да дозволат контакт со луѓе позитивни на корона вирусот, но под одредени услови кои вклучуваат домашен карантин.

Градот Гуангжу, кој се наоѓа недалеку од Хонг Конг, исто така најави олеснување на рестриктивните мерки.

Сепак, демонстрациите во текот на викендот се проширија и во Шангај, Пекинг и други градови.

Стотици теренски возила, комбиња и оклопни возила под ротациски светла и денеска беа забележани низ улиците на кинеските градови.

Полицијата спроведуваше случајни проверки на лични документи и ги пребаруваше мобилните телефони на луѓето во потрага по фотографии, забранети апликации или други потенцијални докази за учество во демонстрациите.

Засега не е познат бројот на приведените на демонстрациите и на подоцнежните полициски акции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.