Од 1 јануари Кина ќе ја олесни процедурата за поднесување барања за виза од американските туристи, јавија западните агенции, повикувајќи се на Кинеската амбасада во Вашингтон.
Олеснувањето ќе се состои во намалување на бројот на документи што се поднесуваат при формулирањето на барањето за виза.
Тоа е најновиот потег на Кина насочен кон зајакнување на туризмот и зајакнување на националната економија по пандемијата на коронавирус.
Американците кои аплицираат за кинеска туристичка виза повеќе нема да им се наложува да ги покажат своите авионски билети, документи за резервација на хотел или писмени покани, се наведува на веб-страницата на Кинеската амбасада.
Претходно, Пекинг соопшти дека од 1 декември туристите од Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Малезија ќе можат да ја посетат Кина без визи. Објавено беше дека овој безвизен режим ќе трае 12 месеци, а на туристите од овие шест земји ќе им биде дозволено да престојуваат во Кина вкупно 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.