Според податоците на кинеската метеоролошка служба, највисока температура за овој период од годината била вчера во Ксинџијанг, огромна полупустинска територија која граничи со неколку земји од Централна Азија.

„Во неделата во 19 часот максималната температура забележана од метеоролошката станица на селото Санбао, кое припаѓа на градот Турпан, изнесуваше 52,2 степени“, соопштија денеска кинеските метеоролози.

Претходниот рекорд за оваа станица бил во јули 2017 година, кога биле измерени 50,6 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.