Поранешниот кинески министер за индустрија и информатичка технологија Сијао Јакинг е исклучен од кинеската Комунистичка партија и ослободен од владините должности откако беше прогласен за виновен за примање мито, соопшти кинеската агенција за борба против корупцијата, пренесоа британските медиуми.

Сијао (62) ќе биде деградиран и ќе бидат преземени мерки за негово пензионирање, се наведува во соопштението на Интернет страницата на Централната комисија за дисциплинска одговорност.

Од јули тој се најде под истрага за наводни прекршувања на дисциплината и законот.

 

Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија контролира огромен дел од економијата, од телекомуникациите од следната генерација до производството на полупроводници, вакцини и електрични возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.