Кинеското Министерство за надворешни работи и кинеската амбасада во Украина им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи ја како причина „тешката безбедносна ситуација“.
Кинеската амбасада најави дека ќе помогне во евакуацијата и трансферот на оние кои треба да заминат.
Амбасадата на Казахстан во Украина, исто така, ги повика своите граѓани да заминат и ги предупреди да не патуваат во Украина.
Во светло на засилените напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти, се вели во соопштение објавено минатата недела.
За оние кои се уште се во земјата, не ги игнорирајте сирените за воздушни напади, останете заштитени и во засолништа, додаваат од амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.