Руската комесарка за човекови права, Татјана Москалкова денеска изјави дека размената на 40 воени заробеници била договорена на средба со нејзиниот украински колега, Дмитро Лубинец, пренесува Ројтерс.
Москалкова денеска на Телеграм објави дека со Лубинец разговарала за прашањата за обезбедување хуманитарна помош за граѓаните на двете земји, а украинскиот омбудсман пред средбата во Турција изјави дека главна тема на разговор треба да биде враќањето на нашите херои, осврнувајќи се на размена на затвореници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.