Министерството за одбрана на Белгија во декември 2021 година беше цел на кибер напад, а денеска оттаму соопштуваат дека штетата од нападот државата ја чини 2,25 милиона евра.

Овој информатички напад во 2021 го натера министерството да прекине секаква информатичка активност и да го укине интернетот една недела.

-Денеска сите системи на министерството се оперативни, освен видеоконференциите со надворешни страни, изјави министерката Лидивин Дедондер.

Таа пред белгиските пратеници потврди дека санирањето на штетата од нападот чинело 2,25 милиона евра и увери дека не се ангажирани ниедни надворешни соработници при санирањето. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.