Џенифер и Џејмс Крамбли, родителите на малолетникот од Мичиген кој во 2021 година во средно училиште во Оксфорд, Мичиген уби четворица ученици, се осудени на затворска казна од 10 и 15 години, откако претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност.

Тие се осудени поради масовното убиство сторено од нивниот син Итан, и се први родители кои кривично одговараат за пукање во школо во САД. Итан Кромбли кој има 17 години, претходно беше осуден на доживотен затвор.

На судењето се обратија некои од семејствата на жртвите, Медисон Болдвин, Хана Сент Џулијана, Тејт Мајер и Џастин Шилинг. Тие говореа за болката низ која што поминале по убиството на децата како и дека во цела оваа трагедија одговорни биле родителите на Итан Крамбли.

Крвта на нашите деца е и на вашите раце, изјави Крег Шилинг кој носеше маица со ликот на синот Џастин.

Џемјс и Џенифер Крамбли се обратија до судот со трогателни зборови и побараа поблаги казни. Таткото побара условна и да му се смета и досегашниот притвор.

Тие во суштина се осудени бидејќи се однесувале ноншалатно кон менталните проблеми на својот син (мајката во тој период имала вонбрачна врска и обрнувала внимание повеќе на своето хоби – јавање коњи), и не го скриле пиштолот на безбедно и на тој начин да спречат 15 годишникот да пука во четворица ученици. Исто така тие не реагирале кога биле повикани во училиштето поради цртеж што нивниот син го направил тој ден со алузија дека ќе се случи масовно убиство.

Обвинителите побараа најмногу 10 години затвор за брачниот пар Крамбли за убиство од небрежност.

Во Србија, пак, во тек се неколку рочишта против родителите на масовниот 13-годишен убиец Коста Кецмановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.