Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан што не вклучува разоружување и повлекување на Хезболах северно од либанската река Литани или дозволување на жителите на северен Израел да се вратат во своите домови.
„Нема да правиме прекини на огнот, нема да ја тргнеме ногата од педалата за гас и нема да дозволиме некаков аранжман што не вклучува постигнување на целите на војната, а пред се правото на Израел да спроведува и дејствува самостојно против каква било терористичка активност“, рече Кац.
Тој изјави дека во тек е уништување на „терористичката инфраструктура“ во Бејрут. „Ќе продолжиме да го удираме Хезболах насекаде“, додаде Кац.
Претходно денеска осум лица беа убиени во израелски напад врз станбена зграда во предградието Дохат Арамон јужно од Бејрут. Оштетена е зградата, вклучително и неколку ката каде избувнал пожар. Жителите беа принудени да се евакуираат, а потрагата по исчезнатите лица под урнатините се уште трае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.