Новинарот Такер Карлсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен на компромис за Украина.

Минатата недела Карлсон беше во центарот на вниманието на светските медиуми откако го интервјуираше Путин.

Зборувајќи за своето интервју, Карлстон на Светскиот владин самит во Дубаи рече дека верува оти Путин е подготвен на компромис.

„Имавме неформален разговор по интервјуто. Да се ​​биде лидер на која било земја на оваа планета, освен можеби САД, ги принудува да најдат компромис. Тоа е она што ние го нарекуваме дипломатија. И тој (Путин) е меѓу нив“, рече Карлстон. .

Да потсетиме, Путин во интервју за Карлсон рече дека Русија никогаш не одбила дијалог за Украина, но дека по прекинот на преговорите во Истанбул во март 2022 година, нема да го направи првиот чекор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.