Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“.
-Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон.
Тој нагласи дека „мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците“.
-Затоа е толку важно што ставивме на располагање пакет од три милијарди фунти годишно помош и рековме дека ќе продолжи од година во година. Ги охрабруваме другите да го сторат истото. Сакам да ги охрабрам Американците да излезат со својот пакет, тажно е што долго се чекаше, но тоа ќе направи разлика, рече Камерон.
Камерон истакна дека и другите земјите треба да го прават тоа што го прави Велика Британија во однос на оружјето со долг дострел, во однос на обуката и поддршката…
-Во принцип, ние мора да постигнеме нашата сила да има ефект на бојното поле, заклучи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.