Лидерот на рускиот регион Чеченија, Рамзан Кадиров денеска најави дека планира да земе „неограничена и долга“ пауза од својата функција.

Тој владее со Чеченија од 2007 година и е лидер со најдолг стаж во тој руски регион.

Сфатив дека веќе долги сум на функција. Мислам дека дојде моето време (да ја напуштам власта), објави 45-годишниот Кадиров на Телеграм.

Кадиров, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, не наведе што ќе работи откако ќе се повлече од функција.

Чеченија под негово владеење е обвинета за масовно кршење на човековите права.

Кадиров во март наводно отпатувал во Украина, а има тврдења дека членови на неговата борбена полиција се борат заедно со руската армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.