Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

„Анатолиј Бибилов (лидерот на отцепениот регион) потпиша указ за одржување референдум во Република Јужна Осетија“, се вели во соопштението на прес-службата на Бибилов. Во соопштението се наведуваат „историските аспирации“ на неговиот народ да се приклучат кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Грузија ја осуди руската воена инвазија на Украина. Земјата ги нарече „неприфатливи“ плановите на Јужна Осетија за одржување референдум за приклучување кон Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.