На социјалните мрежи се коментира дека Јулија Вавилова е девојката / придружничката на основачот на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, поради која тој беше уапсен во Париз.

Има и такви корисници кои шпекулираат дека таа можеби соработувала со западните служби, но повеќето коментираат дека нејзините бројни објави на социјалните мрежи им овозможиле на службите кои го следеле Дуров да извлечат податоци за движењето на нејзиниот „богат пријател“, од кој таа никогаш не објавила фотографија.

Сепак, од нејзините објави станува јасно дека тоа е некој многу богат човек, затоа што девојката не ги плаќала самата сите патувања, луксузни автомобили, куќи, хотели, јахти… на коишто е сликана …

Згора на тоа, локациите на коишто се пријавува дека престојува во последните две години, се во идентични со локациите на коишто престојувал Дуров во истото време.

Како што се чини, таквата нејзина „невнимателност“, предизвика основачот на Телеграм да заврши со лисици на рацете.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.