Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата.

Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“.

Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од Јемен кон Црвеното Море, додавајќи дека не е пријавена никаква штета.

Командантот на силите на јеменските Хути, Мохамед ал-Атифи синоќа рече дека исламистичката организација е подготвена за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија.

Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.