Јеменските бунтовници Хути извршија серија напади врз Саудиска Арабија, со помош на беспилотни летала и ракети, насочени кон клучни инфраструктурни објекти, вклучително и постројки за производство на природен гас и за десалинизација, објавија саудиските државни медиуми.

Во нападите нема жртви, но оштетени се цивилни возила и куќи во областа, соопшти воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен.

Засега не е познато колкава штета е причинета врз инфраструктурните и енергетските објекти.

Портпаролот на јеменските Хути, Јехиа Сарија денеска изјави дека тие „почнале сеопфатна воена операција во внатрешноста на Саудиска Арабија“, истрелувајќи балистички ракети и беспилотни летала наполнети со бомби врз објекти на саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“ и други „чувствителни цели“ во земјата.

Тој го опиша нападот како одмазда за „агресијата и блокадата“ предводена од Саудиска Арабија, која претвори голем дел од Јемен во пустош



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.