Осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе, 41-годишниот Тецуја Јамагами признал дека пукал со рачно изработен пиштол, соопшти јапонската полиција на прес-конференција.
Јамагами изјавил дека имал огорченост кон „конкретна организација“, а верувал оти Абе е дел од неа. Тој бил невработен и со воз стигнал до Нара, градот каде беше застрелан Абе додека држеше говор.
Во неговиот дом пронајдено е и друго рачно изработено оружје, но и голем број експлозиви. Како резултат на тоа, евакуирани се луѓето што живеат во близина.
Се истражува дали Јамагами дејствувал сам.
За случајот е формирана работна група од 90 лица.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека нема да отстапи пред насилството и ќе ја продолжи изборната кампања, со цел да обезбеди „слободни и фер избори“ за Долниот дом на Парламентот оваа недела, објави Кјодо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.