Јужноафриканскиот министер за здравство, Арон Мокоаледи, соопшти дека токсиколошките анализи покажале оти шест деца кои починаа во Јужна Африка претходно овој месец, проголтале пестицид.

Според Мокоаледи, врз основа на досегашните сознанија, децата јаделе храна од локална неформална продавница каде се користел пестицид за убивање стаорци, кој им се продавал и на жителите за истатата намена.

Локалните медиуми објавија дека децата починале откако јаделе грицки купени во неформална продавница, т.н. спаза шоп, во градот Совето во близина на Јоханесбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.