Поради стравот и претпазливоста израелските служби да не им ги хакираат мобилните телефони или да не ги следат нивните движења преку нив, членовите на Хезболах се префрлиле на постара технолошка скала – пејџери.
Тоа било кардинална грешка. Неколку стотици пејџери беа детонирани во исто време во различни области на Либан. Повеќе од 4.000 луѓе беа повредени во страшните експлозии, а најмалку 12 лица загинаа.
Стеван Игњатовиќ, пензиониран капетан на воздухопловството за „Курир,рс“ објаснува оти тоа било операција која траела со месеци.
Околу 5.000 тајвански пејџери биле продадени на Хезболах. Зошто пејџер? Тоа е уред на кој добивате порака на кого треба да му се јавите на фиксен телефон, или едноставно да прочитате порака што ќе ви пристигне. Преку него се одвива еднонасочна комуникација .
Израелците, знаејќи дека Хезболах купил одредена количина од тие пејџери, сфатиле дека нешто може да се направи и направиле нешто. Постои експлозив наречен пентраеритритол. Тоа е тетранитрат. Еден од најмоќните експлозиви. Тоа е бел кристален прав. Израелците прикачиле 20 грама од оваа супстанца на секоја батерија, што е обична батерија АА3. Батеријата се загрева и таа топлина го детонира прашокот и настанува експлозија. Не настрадаа сите оние кои навреме почувствуваа дека нешто не е во ред со уредот, дека премногу се вжештува и кои го тргнале настрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.