Израелската армија го пронашла и го уништила станот во кој се криел лидерот на палестинската терористичка група Хамас.

Израелските одбранбени сили вечерва објавија дека пронашле и уништиле стан-скривница, која му припаѓала на лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, на северот од палестинската територија и под него голема мрежа од тунели. Израелската армија изјави дека во станот имало предмети што укажуваат дека Синвар го користел како скривалиште. Влезот во тунелот долг 218 метри бил на длабочина од дваесет метри и имал неколку странични премини, јавуваат израелските медиуми.

Станот, кој се наоѓа на периферијата на главниот град на Газа, го пронашла 14-та оклопна резервна бригада, а подоцна е претресена од елитната борбена инженерска единица Јахалом, која го пронашла влезот во тунелот. Во тунелот имало снабдување со електрична енергија и вода, систем за филтрирање на воздухот, соба за молитва и друга опрема што им овозможувала на членовите на исламската екстремистичка група Хамас да останат скриени таму долго време. Тунелот потоа беше уништен, објави армијата и објави видео на платформата „Х“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.