Турски пратеник вечерва доживеа срцев удар за време на парламентарна седница. Тој имаше говор за божествените казни за народот на Израел, односно упати остра критика за одговорот на Турција на војната меѓу Израел и Хамас. Додека стоеше на говорница се струполи на подот.

Се работи за членот на партијата Фелисити (Саадет), 53-годишниот Хасан Битмез кој се обраќаше пред Големото собрание на турското национално собрание за време на расправата за буџетот.

Израел „ќе го претрпи гневот на Алах“ беа неговите последни зборови по што доживеа срцев удар и падна на подот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.