Министерството за здравство на Хутите во Јемен објави дека четири лица се загинати, а 29 се повредени по денешните израелски напади. Израел потврди дека започнал воздушни напади врз Хутите во Јемен, погодувајќи го пристаништето Рас Иса во четвртиот по големина град во Јемен, Ал Худајда.

Армијата соопшти дека неколку десетици авиони на израелското воздухопловство, вклучително и шпионски авиони и авиони за полнење гориво, учествувале во нападите врз позициите на милитантите лоцирани на околу 1.800 километри од Израел.

Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење, се вели во соопштението.

Нападите беа насочени кон локациите што ги користат Хутите за воени цели во Ал Худајда и блиското пристаниште Рас Иса во западен Јемен.

Снимките на социјалните мрежи, објавени од израелските медиуми, покажуваат како чад се издига од областа.

Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.