Два магацини од утрово се во пламен во северниот германски пристаништен град Хамбург, јави ДПА.
Противпожарната бригада предупреди на опасност од вдишување на чад и можните хемиските компоненти кои може да ги содржи воздухот поради пожарот.
Облакот чад се движи од магацините во градскиот кварт Ротенбургсорт во правец кон центарот на градот.
Претставници на противпожарната бригада првично не можеа да дадат никакви информации што го предизвикало големиот пожар во текот на ноќта или што точно имало во запалените магацини.
Во официјалното предупредување, пожарот и облакот чад што се шири се класифицирани како „екстремна опасност“.
Од локалните жители е побарано да не ги отвораат прозорците и вратите и да се заштитат од чадот во широка област во североисточниот дел на Хамбург.
Германскиот железнички оператор Дојче Бан исто така најави дека поради пожарот мора да бидат затворени шините меѓу Хамбург и Бухен.
Во тек се напори за гаснење на пожарот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.