Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги истоварат во земјите чие знаме веат нивните бродови, особено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во главниот град на Малта, Валета, каде се одржува Самитот МЕД9.
Таа го отфрли амандманот што го претстави Германија за статусот и улогата на невладините организации, додека вчера во Брисел беше усвоена реформата на Пактот за азил и имиграција.
Текстот беше одобрен од земјите-членки на Европска Унија, но Италија, изненадена од доцното поднесување на германскиот амандман, изрази резервираност и побара период за размислување.
– Тој амандман е чекор наназад и затоа предлагаме друг амандман според кој државата е надлежна да ги пречека мигрантите кои се превезуваат на бродот на невладините организации на државата што го носи нивното знаме, посочи Мелони.
Според медиумите во Рим, италијанскиот амандман вчера бил отфрлен од министрите за внатрешни работи.
Рим го прекорува Берлин за финансирање на неколку хуманитарни невладини организации во Медитеранот, од кои некои работат под германско знаме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.