Две лица загинаа, а 35 се повредени по ослободувањето на хемикалии, вклучително и водород сулфид, од рафинеријата Пемекс во Дир Парк, Тексас, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Deer Park, Џери Мутон, рече дека нема истекување на хемикалии во областа, и покрај мирисот на водород сулфид што се ширел низ воздухот во четвртокот попладне по локално време, ренесе Танјуг.

Шерифот на округот Харис Ед Гонзалес изјави дека има пожар во рафинеријата и дека нема опасност за животната средина.

Официјални лица изјавија дека не е познат степенот на повредите, објави телевизијата ABC.

Пемекс е рафинерија која преработува сурова нафта во бензин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.