Последниот оперативен реактор на нуклеарката Запорожје е исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени при руското гранатирање, соопшти „Енергоатом“.

Најголемата електрана во Европа е заземена од руските сили, но со неа и понатаму управува украинскиот оператор „Енергоатом“.

Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирањето, денеска е прекинат последниот далновод за пренос, соопшти „Енергоатом“ на Телеграм.

Оттаму додадоа дека „како резултат на тоа, реакторот шест, што ја снабдува електраната со струја, исклучен е од мрежата“.

Подрачјето на електраната изминатите месеци постојано се гранатира, а Москва и Киев за тоа меѓусебно се обвинуваат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.