Јавноста во Малави стравува дека потпретседателот на земјата Саулос Чилима можеби загинал кога неговиот хеликоптер принудно слетал во шумата Чикангава и не слетал на аеродромот Мзузу поради неповолни временски услови.
Порталот „Малави24“ јави дека потпретседателот Чилима бил во хеликоптерот на вооружените сили на Малави со кој патувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Зимабабве мејл.
Откако не можел да слета на аеродромот Мзузу, хеликоптерот се обидел да се врати, но се стравува дека се урнал во областа на шумата Чикангава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.