На веб-страницата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи е прикажано анимирано видео на кое се гледа роботизирано возило чија цел за атентат е поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Анимираното видео е направено по повод атентатот извршен на 3 јануари 2020 година врз иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад.

На видеото, објавено на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи, се гледа како Трамп е погоден од ирански дрон на теренот за голф во неговиот дом во Мар-а-Лаго, на Флорида.

На видеото е прикажан минатогодишниот пропаганден плакат, на кој исто така се гледа Трамп на терен за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.

Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен“.

Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад во Ирак, е вториот најмоќен човек во Иран, веднаш по ајатолахот Али Хамнеи.

Сулејмани се сметаше за креатор на големите ирански амбиции на Блискиот Исток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.