За време на војната во Украина, Иран е една од земјите што тесно соработува со режимот во Кремљ за што САД силно ја обвинија оваа земја.

Портпаролот на американскиот Совет за национална безбедност, Џон Кирби, изјави дека Соединетите Американски Држави се убедени дека Русија му обезбедува на Иран невидена воена и техничка поддршка во замена за испорака на беспилотни летала.

„Нивната врска се претвора во целосна одбрана на партнерството. Ова е штетен развој на настаните за Украина, за соседните земји на Иран, но и за меѓународната заедница“, изјави Кирби.

На оваа изјава реагира портпаролот на МНР, Насер Канани, кој рече дека никој, па ни Америка, нема право да се меша во внатрешните работи на Иран.

Американските власти продолжуваат со своите неосновани политички тврдења и незаконски дејства против Исламската Република Иран доведувајќи ги во прашање конвенционалната одбранбена и воена соработка меѓу Иран и Русија“, рече Канани.

Тој исто така нагласи дека Иран ќе продолжи да ги регулира дипломатските односи како што смета дека е соодветно.

„Исламската Република Иран, во согласност со своите национални интереси, дејствува независно со цел да ги регулира своите надворешни односи и не бара ничија дозвола за тоа“, порачаа од Техеран, пренесе „Аваз.ба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.