Најмалку четири лица загинале, а десетици се ранети во масовно пукање во кое учествувале неколку напаѓачи во американската сојузна држава Алабама.

Повеќе лица испукале истрели врз група луѓе“ во областа Фајв Поинт Југ во Бирмингем нешто по 23:00 часот. Десетина луѓе се ранети во престрелката, а најмалку четворица се здобиле со повреди опасни по живот, изјави полицискиот службеник Труман Фицџералд за локалните медиуми.

Полицијата досега не привела никого во врска со пукањето.

Во истрагата се вклучени неколку агенции, вклучувајќи го Федералното биро за истраги.

Оваа година имало најмалку 403 масовни престрелки – дефинирани како пукање во кое имало најмалку четири жртви, мртви или ранети – низ САД, според Архивата за огнено насилство.

Најмалку 12.416 луѓе се убиени во насилство со огнено оружје оваа година во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.