Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА.
Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“.
Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг.
Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе.
На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.