Повеќе од 50 ракети беа истрелани од Либан кон Галилеја и градот Киријат Шмона, на северот на Израел, во текот на ноќта, соопшти денеска Израелската војска (ИДФ).

Меѓу 1:00 и 2:30 часот по полноќ, беа испукани околу 20 ракети, од кои повеќето беа пресретнати од противвоздушната одбрана, но една зграда во Киријат Шмона беше погодена и оштетена.

Околу 5:30 часот од Либан беа истрелани дополнителни 30 ракети, од кои неколку беа пресретнати, а останатите погодија отворени површини, јавува „Тајмс оф Израел“.

Нема информации за повредени лица.

Либанската милитантна група Хезболах ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека истиот е одговор на израелскиот напад врз градот Фрун, каде беа убиени тројца болничари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.