Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изрази надеж дека нејзината земја ќе стане дел од Европската унија до 2030 година…

„Јас сум амбициозна во моите желби. Мислам дека треба да станеме дел од Европската унија до крајот на оваа деценија“, рече Санду, цитирана од државната телевизија „Молдавија-1“.

ЕУ во јуни на Молдавија и додели кандидатски статус. Тоа беше дипломатски триумф за Санду, чија земја е една од најсиромашните во Европа.

Новиот министер за економија на Молдавија, Думитру Алаиба, овој месец изјави дека планира долгорочни реформи за да ги постави темелите за бизнис ориентирана економија и да го забрза влезот на Молдавија во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.