Кирстен Синема, сенаторка од Аризона, денеска објави дека ја напушта Демократската партија и преминува во независни редови. Таа одлука доаѓа веднаш откако демократите победија во трката за Сенатот во Џорџија и обезбедија 51 место.
„Се приклучувам на зголемениот број луѓе во Аризона кои ја отфрлаат партиската политика и прогласуваат независност од скршениот двопартиски систем. Се регистрирав како независен сенатор од Аризона“, изјави Синема за локалниот весник Аризона Централ.
„Како многумина од нас во Аризона, никогаш не се чувствував дека добро се вклопувам со која било од страните“, додаде таа.
Во интервју за Политико рече дека нема да дава поддршка за Републиканската партија и ако таа остане така, демократите ќе можат да ја задржат контролата во тесно поделениот Сенат.
Сенаторот Рафаел Ворнок во вторникот го победи републиканскиот противник во вториот круг, овозможувајќи им ја на демократите толку потребната предност од едно место во Сенатот.
Меѓу независните се Берни Сандерс од Вермонт и Ангус Кинг од Мејн.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека очекуваат континуирана успешна соработка со сенаторката од Аризона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.