Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД итно бил пренесен во болница, јави турскиот весник „Џумхуриет“ повикувајќи се на хаштагот #HerkulNagme на Твитер, за кој се верува дека припаѓа на движењето на Ѓулен, наречено ФЕТО.

Ѓулен бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, информира весникот.

Властите во Анкара го обвинуваат 81- годишниот Ѓулен и неговото движење ФЕТО за организатор на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кој имаше за цел да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Фетула Ѓулен и други негови соработници беа осудени од турскиот суд во отсуство на доживотен затвор.

Анкара долго време бара Вашингтон да го предаде Фетула Ѓулен, кој живее во државата Пенсилванија, како и неговите соработници, но засега дипломатските напори остануваат безуспешни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.