Не може да се искличи руски напад врз членка на НАТО, оцени шефот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген во саботата, неколку дена пред почетокот на собирот на светските челници и воени стручњаци.

Запрашан дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да нареди напад врз земја членка на НАТО, Хојсген малку вон контекстот на времето одговори: „Сигурно. Путин сепак повтори дека распадот на Советскиот сојуз бил најголемата катастрофа на XX век бидејќи резултирал со тоа многу Руси да останат надвор од границите на Русија.

Хојсген веројатно мисли на балтичките земји членки на Алијансата, каде значителен е процентот на етничките Руси кои не уживаат никакви малцински и голем дел од граѓанските права, а Литванија, Латвија и Естонија се меѓу вербално највоинствените во однос на Русија.

„Путин имаше намера повторно да ја воспостави Голема Русија со границите на Советскиот Сојуз. Таа би била глобална империја во која тој би владеел како цар“, тврди без никакви докази Хојсген во разговорот за диселдорфскиот Rheinische Post и бонскиот весник General Anzeiger.

Во пресрет на средбата во баварската престолнина, руските медиуми повторни потсетија на обраќањето на Владимир Путин од 2007 година на форумот во Минхен, кога жестоко ги критикуваше САД, обвинувајќи ги за создавање унилатерален свет и поткопување на глобалната стабилност под превезот на демократијата.

„Проширувањето на НАТО нема никаква врска со модернизацијата на Алијансата или безбедноста на Европа. Напротив, тоа е сериозна провокација што ја поткопува меѓусебната доверба“, со Русија, рече тогаш Путин.

„Доколку Путин не ја загуби војната во Украина, мораме да земеме предвид дека би можел да ја зграби Молдавија или балтичките република“, вели во разговорот објавен во саботата Хојсген.

Одбил да шпекулира што би можело Путин конкретно да направи. Меѓутоа, во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлстон емитувано оваа седмица, рускиот претседател повтори дека Русија нема никакви намери да ги нападне или територијални претензии кон Полска и балтичките земји. Путин истакна дека може да се исклучи руска инвазија врз балтичките земји членки на НАТО и Полска, освен доколку некоја од нив не ја нападне Русија.

„Но мораме да сториме сѐ за да осигуриме Украина да добие оружје и воена помош којашто ѝ е потребна испено да им се спротистави на руските агресори и да ги протера од нејзината национална територија“, вели натаму Хојсген без да прецизира за кои територии конкретно станува збор.

Хојсген во периодот од 2007 до 2017 година беше советник за надворешна политика на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, којашто призна дека ткн Мински договори (од 2014 и 2015-та) за регулирање на вокната која избувна по превратот во Киев во 2014 година и доминантното руско население на југоистокот на земјата на кое се побуни поради одземените права да избира гувернери на тамошните региони и поради забраната за користење на рускиот јазик во сите сфери, биле само купување време за да ѝ се овозможи на Украина да се вооружи и да ги нападне отцепемите проруски региони.

По 2017 година Хојсген беше именуван за германски амбасадор во Обединетите нации, пред да ја преземе должноста главен човек на Минхенската безбедносна конференција.

Во главниот град на Баварија од 16-ти до 18-ти февраури се одржува Минхенската безбедносна конференција на којашто и годинава се очекуваат околу 50 шефови на држави и на дипломатии, како и стотина безбедносни експерти. Русија и Иран и годинава не се поканети на ниедно ниво. Во 2022 година беше првпат по неколку години претставник на Русија да допатува во Минхен, по обидот на ткн колективен напад меѓународно да ја изолира Русија кусо пред нејзината инвазија во Украина.

Од првата конференција во 1963 година, Минхен служи како еден вид „саем на идеи“ каде што политичарите и експертите даваат иницијативи и развиваат решенија за најкритичните безбедносни прашања на сегашноста и иднината. Воспоставен во текот на Студената војна, собирот им дава простор за официјални и неофицијални дипломатски идеи, а хотелот „Bayerischer Hof“ каде што се одржува им обезбедува заштитено место за неформални средби на често заколнати непријатели, со што го реализира своето мото „градење мир преку дијалог“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.